Премиерлигашот Ливерпул и Мохамед Салах се уште не се договориле за продолжување на договорот на играчот.
Според новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг, двете страни продолжуваат со преговорите, но допрва треба да постигнат договор.
Размислувањата на клубот и играчот за деталите од соработката се многу различни. Договорот на египетскиот интернационалец со Ливерпул е до крајот на тековната сезона. Мохамед Салах има опции да ја продолжи кариерата во Европа и Саудиска Арабија.

