Борусија Дортмунд сака да го продолжи договорот на тренерот Лусиен Фавре. Ова го призната првиот човек на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.
Договорот на Швајцарецот е до летото 2020 година, но на стадионот “Сигнал Идуна Парк” се презадоволни од неговата работа, и покрај елиминацијата од Купот на Германија во вторникот.
“Жолто-црните” водат со 7 бода пред Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен во Бундеслигата, а освен тоа се и во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Логично е дека ќе разговараме со него за продолжување на договорот, бидејќи тој врши одлична работа. Одлично се разбираме и сакаме нашата заедничка работа да продолжи“, изјавил Вацке.
Според извештаите на медиумите во Германија, разговорите ќе почнат во март.