Македонскиот фудбалски шампион во младинска конкуренција, Брера Струмица, во првиот меч од младинската Лигата на шампиони одигра реми против Сараево (2:2) на првиот меч во Струмица.
Брера се врати од два гола негатива, па така го остави дуелот отворен и за реваншот кој е на програмата во главниот град на Босна и Херцеговина на 2 октомври.
Головите за Сараево ги постигнаа Поповиќ и Плохо, додека ремито за Брера го донесе георгиевски со двата гола во 74. и 94. минута од натпреварот.