Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Гвардиола: Интер одлично се бранеше, пропуштивме многу шанси
    Фудбал

    Гвардиола: Интер одлично се бранеше, пропуштивме многу шанси

    risteBy riste19/09/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го изрази своето разочарување од ремито 0:0 со Интер во Лигата на шампионите. Според него, неговите играчи создавале шанси за гол и грешките биле главната причина поради која тимот не победил.

    „Не беше лесно да се постигне гол. Создадовме шанси, но ги пропуштивме. Не беа многу и не беа баш чисти, но ги имаше. Сè уште е рано во сезоната, сигурен сум дека ќе играме многу подобро и ќе го најдеме нашиот ритам во наредните месеци, ќе се подобруваме со текот на времето“, изјави Гвардиола.

    Тој особено ја пофали добрата дефанзивна игра на „нероаѕурите“.

    „Противникот се бранеше многу добро, се заби длабоко во својата половина и на паузата моравме да ги промениме нашите позиции. Моравме да ја вратиме контролата во нападот, во последните метри во половината на Интер. Да создадеме повеќе простори за да влеземе меѓу нивната одбрана, а со повеќе движење и создававме шанси, се обидовме да ја пробиеме таа длабока одбрана, но не успеавме“, додаде Гвардиола.

    За состојбата на Де Бруин, кој беше принуден да биде заменет за време на паузата, тој беше концизен: „Сè уште не сме разговарале со лекарите, не знам што се случува“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.