Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список за претстојните квалификациски натпревари против репрезентацијата на Исланд за пласман на ЕП 2020 година.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 10 април во Рејкјавик, додека реваншот е закажан четири дена подоцна во Скопје.
На списокот не се најдоа Филип Миркуловски и Филип Лазаров, а ново име на голманската позиција е Градимир Чаневски на местото на Златко Даскаловски.