Македонија го претрпе првиот пораз на светското ракометно првенство во Германија и Данска откако загуби од селекцијата на Хрватска со 31 спрема 22, полувреме 16:11.
Резултатот не ја два вистинската слика на теренот бидејќи нашите ракометари парираа до пред самиот крај кога пропуштија и неколку чисти ситуации за гол. Реално гледано, „коцкестите“, предводени од голманот Шего (14 одбрани) и играчот на мечот, Дувњак, потврдија дека влегуваат меѓу фаворитите за висок пласман додека ние ќе треба да учиме на нашите грешки.
Во нашата селекција најпрецизен беше Манасков со шест голови, Лазаров имаше пет голови а Пешески и Талески по три. Македонија во 4 коло во групата „Б“ на 16 јануари ќе игра со Шпанија.