Далтон Кнет го одигра најдобриот натпревар во кариерата. Дебитантот во НБА лигата постигна рекордни 37 поени во победата над Јута со 124-118.
23-годишниот кошаркар за 38 минути направи и 5 скока и имаше 1 украдена топка. 17-от пик на драфтот во 2024 година постигна 6 тројки или вкупно 21 поен.
Кнет постави нов рекорд за Лејкерси за прецизни удари од далечина а исто така го изедначи и рекордот за дебитанти во НБА.