Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»УЕФА ги објави казните за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово
    Фудбал

    УЕФА ги објави казните за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

    risteBy riste20/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес излезе со соопштение во врска со прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово. Победа со службени 3:0 за селекцијата на Романија, која остана на теренот, откако гостите решија да заминат во соблекувалната во судиското надополнување, додека актуелниот резултат беше 0:0.

    Фудбалста федерацијата на Косово се пожали на недоличното однесување на романските навивачи, како и на провокации, односно извици од трибините „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Освен што го загубија натпреварот, гостите се казнети и со 6.000 евра поради недолично однесување. Фудбалскиот сојуз на Романија, пак, е казнет со 30.000 евра поради испраќање провокативни политички пораки кои не се соодветни за спортски настан.

    Романската фудбалска репрезентација е казнета со 9.000 евра поради фрлање предмети на теренот, 4.500 евра поради употреба на пиротехнички средства, 8.000 евра поради употреба на ласерски покажувач од навивачите, како и 12.500 евра поради предизвикување бунт при интонирање на националната химна.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.