Францускиот репрезентативец Уго Дескат и германскиот голман Андреас Волф се првите ракометари на ова европско првенство кои ги добија признанијата за „Играч на натпреварот“.
Дескат беше најдобар стрелец кај олимпискиот шампион со седум гола во победата против нашата репрезентација. Дескат мечот го заврши без промашување кон голот на Митревски.
На вториот меч синоќа, голманот на Германија Андреас Волф имаше неверојатни 60% одбранети удари кон својот гол со што и самиот беше фактор плус во убедливата победа на домачинот на првенството против Швајцарија до 13 гола разлика.