Рускиот интернационалец во редовите на ракометниот состав Вардар, Тимур Дибиров, во интервју за медиумите во неговата татковина, нагласи, дека „црвено-црните“ се во голема криза од секаков аспект.
„Сите се прашуваме во што е проблемот. Во текот на целата година иваме проблеми, но, ја освоивме Лигата на шампионите. Сега навистина е тешко во Скопје. Стоилов долго време беше повреден а потоа истото се случи и со Атман, Горбок, Калараш, Горпишин… Влијание имаше и промената на тренерот. Сите само ја чекавме паузата за да можеме да ги подобриме работите“ вели Дибиров во интервју за руските медиуми.
„Многу мислат дека финансиската ситуација се подобри, но, тоа не е точно. Мислам дека Вардар го чекаат тешки времиња кога ќе им истечат договорите на дел од ракометарите“ – вели крилото на Вардар.