Ветеранот Ешли Јанг наскоро ќе го обнови договорот со Манчестер Јунајтед за уште една сезона, соопшти „Скај Спортс“.
33-годишниот фудбалер веќе некое време разговара со клубот, а според информациите, разговорите се блиску до позитивен крај.
Значи Јанг, кој дојде на „Олд Трафорд“ во 2011 година од Астон Вила за 17 милиони фунти, ќе остане во клубот до летото 2020 година.
Тој стана важен дел од составот за време на Жозе Мурињо пред се поради тоа што тој може да игра на различни позиции, а тоа го прави многу корисен за тимот. Во последните сезони тој често се користи како краен дефанзивец и добро се снаоѓа.
Со Оле Гунар Солскјер, Јанг започна на два натпревари како стартер, честопати носејќи ја капитенската лента во отсуство на Антонио Валенсија. Се очекува тој да го следи примерот на Антони Марсиал, кој неодамна го продолжи договорот.