Група поддржувачи на фудбалскиот состав Реал Мадрид планира протест против капитенот на тимот, Серхио Рамос, објави –„Кадена Сер“.
Според навивачите, капитенот е одговорен за негативната атмосфера во тимот која доведе до серија на слаби резултати која кулминираше со поразот од 5-1 на теренот на Барселонаво во големото – „Ел Класико“. Навивачите ќе го искажат незадоволството против Рамос во текот на саботниот меч против Ваљадолид на „Сантијаго Бернабе“.
Од почетокот на сезоната, Реал се наоѓа на деветтото место во Ла Лига откако загуби во последните три натпревари и има само една победа во последните шест кола.