Турскиот гигант Фенербахче е без тренер откако Филип Коку беше отпуштен по поразот кој го доживеа неговиот тим изминатиот викенд.
48-годишниот поранешен холандски репрезентативец ја загуби функцијата по серијата лоши резултати од почетокот на сезоната, а чашата на трпението на раководството беше прелеана по домашниот пораз од Анкарагучу со 1:3. Раководството на Фенербахче упатиле покана кон Станислав Черчесов да го преземе тимот, но тој има долгорочен договор како селектор на Русија и преговорите нема да бидат лесни.
Фенербахче победи на само 2 од одиграни 10 натпревари и го зазема дури 15-то место на табелата, на само еден поен над зоната за испаѓање. Во Лига Европа Фенербахче имаат освоено 4 поени по три одиграни кола во групната фаза.