Тренерот на Барселона Ханзи Флик речиси сигурно нема да може да смета на една од ѕвездите на тимот, Ламине Јамал за претстојното патување кај Селта во сабота. Ова го пренесува весникот „АС“, повикувајќи се на извори од клубот.
Крилниот напаѓач се уште се опоравува од повредата на десниот зглоб што ја заработи на натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
И покрај напорите на лекарскиот тим, Јамал продолжува да има болки, што исто така го направи недостапен за репрезентацијата на Шпанија за натпреварите од Лигата на нации против Данска и Швајцарија.
Сепак, каталонскиот клуб се надева дека младиот талент ќе биде подготвен да се соочи со Брест во вторник, повторно во Лигата на шампионите.
Не е сè мрачно за Барселона бидејќи Флик добива добри вести: Роберт Левандовски и Ерик Гарсија се опоравија и утре ќе се вратат на тренинзите со полн капацитет. И двајцата ќе бидат достапни за натпреварот против Селта, со што Каталонците ќе имаат оптимизам во битката за задржување на челната позиција во Ла Лига, каде водат со 33 бода од 13 натпревари.