Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Швајцарката, Џил Тајхман, обезбедија место во четвртфиналето на ВТА Челинџерот 125 што се игра во Љубљана за награден фонд од 100.000 евра.
Тие денеска во игра во двојки ги совладаа сестрите од Украина Надја и Марина Колб со 2-0 во сетови (76(5) 60).
Во наредната рунда, Ѓорческа и Тајхман ќе играат против тенисерките од Чешка – Каролина Кубанова и Анета Лабуткова.