Поранешниот предводник на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалес, е нов селектор на репрезентацијата на Србија.
Шпанецот на кормилото на нашиот северен сосед ќе го наследи неговиот сонародник, Тони Херона. Гонзалес се согласил на четиригодишна соработка што значи дека може да ја води Србија и на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.
Еден од најтрофејните ракометни тренери, успеа со Вардар да ја освои Лигата на шампионите во 2017 година.