Италијанката, Лиза Витоци, која го освои Светскиот куп во биатлон за сезоната 2023-2024, ќе се врати на патеките во почетокот на јануари.
Таа сака да биде во топ форма за викендот во Оберхоф (Германија) од 9 до 12 јануари. Витоци која пропушти дел од сезоната поради болки во грбот, се надева дека ќе биде во посакуваниот ритам за Светското првенство кое ќе се одржи во Ленцерхајде, Швајцарија.
Таму догодина од 12 до 23 февруари ќе ја брани титулата во индивидуална конкуренција.

