Селекциите на Грузија и на Фарски Острови за првпат учествуваа во завршна фаза на Европското првенство. Двете земји прикажаа повеќе од пристојна игра иако не се пласираа во главната рунда.
Грузијците го напуштија континенталниот собир откако ја забележаа првата историска победа. Тие го добија мечот со селекцијата на Босна и Херцеговина благодарение на чудата што ги направија голманите на грузискиот тим.
Тимот на Фарски Острови ја имаше убедливо најгласната поддршка во Германија не броејќи ги домаќините. На Европското дојдоа околу 5.000 фанови од Фарски Острови или 10% од населението во земјата.