Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека е задоволен по вчерашните 0:0 на теренот на Ливерпул во големото дерби на Премиер лигата.
„Успеавме да го запреме напаѓачкото трио на домаќинот. Добро е што не примивме гол, тоа ме радува. Резултатот е добар иако имавме шанси и да победиме. Секогаш е тешко да се игра на „Енфилд“ – вели Гвардиола кој осврна и на промашениот пенал на неговиот напаѓач, Ријад Марез.
„Марез имаше храброст да ја преземе одговорноста. Тој на тренинг секогаш успешно ги изведува пеналите. Серхио Агуеро е задолжен да шутира, но, тој не беше на теренот. Минатата сезона загубивме а сега освоивме бод. Можеби во наредната сезона ќе победиме “ – потенцираше тренерот на Манчестер Сити.