Хрватската ракометна репрезентација остана без можност за пласман во полуфиналето на Европското првенство, па сега во финалните два меча ќе се бори за место на олимписките квалификации за Париз.
Интересно е што, Хрватите доколку загубат од Германија утре и со тоа го лансираат домаќинот на ова ЕП во полуфиналето, автоматски ќе влезат во групата репрезентации кои ќе играат на олимпискиот турнир од 14 до 17 март.