Светската кошарка остана без Мирко Новосел, еден од најтрофејните кошаркарски тренери. Мирко Новосел почина синоќа на 85 години.
Новосел беше творец на легендарната генерација на Цибона од 1980-ите, тој беше директниот „виновник“ за доаѓањето на Александар Петровиќ во Загреб, а подоцна и на Дражен Петровиќ во Цибона, а се подоцна беше испишување на спортската историја на оваа екипа.
Новосел ќе остане запаметен како најтрофеен хрватски тренер. Остави неизбришлива трага во Цибона, со која го освои Купот на европските шампиони во 1985 и 1986 година, трипати беше шампион на Југославија, а седум пати го освои националниот Куп.
Мирко Новосел беше двократен европски шампион со Југославија, како и двократен освојувач на Евролигата.
Во 2007 година стана член на Куќата на славните во Спрингфилд, Соединетите Американски Држави, а три години подоцна стана член и на Куќата на славните на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).