Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»ИН МЕМОРИАМ: Почина кошаркарската легенда Мирко Новосел
    Кошарка

    ИН МЕМОРИАМ: Почина кошаркарската легенда Мирко Новосел

    risteBy riste20/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Светската кошарка остана без Мирко Новосел, еден од најтрофејните кошаркарски тренери. Мирко Новосел почина синоќа на 85 години.

    Новосел беше творец на легендарната генерација на Цибона од 1980-ите, тој беше директниот „виновник“ за доаѓањето на Александар Петровиќ во Загреб, а подоцна и на Дражен Петровиќ во Цибона, а се подоцна беше испишување на спортската историја на оваа екипа.

    Новосел ќе остане запаметен како најтрофеен хрватски тренер. Остави неизбришлива трага во Цибона, со која го освои Купот на европските шампиони во 1985 и 1986 година, трипати беше шампион на Југославија, а седум пати го освои националниот Куп.

    Мирко Новосел беше двократен европски шампион со Југославија, како и двократен освојувач на Евролигата.

    Во 2007 година стана член на Куќата на славните во Спрингфилд, Соединетите Американски Држави, а три години подоцна стана член и на Куќата на славните на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Работнички со убедлива победа ја отвори новата кошаркарска сезона

    27/09/2023

    Гечевски со нова улога во мак-кошарката

    27/09/2023

    МТЕЛ е нов спонзор на МЗТ Скопје А.

    26/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.