Ракометарот на Словенија, Блаж Јанц, потврди дека нема да патува на Европското првенство во Германија во јануари.
„Навистина ми е жал што ќе го следам ЕП 2024 во улога на навивач. Иако срцето сака да биде поинаку, паметот вели дека не смее да се брза кога е повреда во прашање“ – изјави ракометарот на Барселона.
Словенија мечевите ќе ги одигра во Берлин а противници ќе и бидат Фарски Острови, Норвешка и Полска.