Левото крило на хрватската репрезентација, Марин Јелиниќ, се осврна на вчерашната победа против Германија која на „коцкестите“ им го донесе 11-то место на ЕХФ ЕУРО 2024 во Германија.
„Бодовите немаа значење за двете селекции. Ние се договривме да одиграме на победа и тоа го направивме. Сега останува да жалиме за двата меча со Унгарија и со Исланд кога ја загубивме шансата да одиме во полу-финале“ – вели Јелиниќ.
„Мораме да го заборивиме европското првенство и да се насочиме кон олимписките квалификации. Се надевам дека ќе подготвиме подобро и дека ќе успееме да одиме на Олимписките игри во Париз“ – вели Јелиниќ.