Селекторот на нашите кошаркари, Александар Јончевски, го анализираше поразот од Литванија во квалификациите за Европското првенство.
„Се боревме, но лошо го отворивме мечот, игравме под притисок. Литванија влезе со машка игра која судиите ја толерираа што ни беше многу чудно. Кога сфативме како треба да играме, ја намаливме разликата, но тоа не беше доволно“ – вели Јончевски.
„Го променивме начинот на игра во одбраната, тоа се покажа како правилен потег. Ќе го анализираме натпреварот и ќе извлечеме поуки. Ќе видиме што треба да се подобри“ – изјави селекторот Јончевски по натпреварот.