Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Илина Соколовска освои злато во Бундеслига
    Домашен микс

    Илина Соколовска освои злато во Бундеслига

    risteBy riste06/12/2024No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На стартот на натпреварите во Бундеслига, Илина освои злато и го однесе нејзиниот клуб на врвот. Првото место на нејзиниот клуб Гутерсло-Билефелд благодарејќи на поените кои ги освои Илина.

    Ова уште еден успех на нашата Илина, која иако е со македонски пасош, сепак, освојува медали во Германија.

    -Пред неколку дена во Бундеслигата, мојот тим , каде капитен е Гутерсло-Билефелд, за првпат имаше натпревар во Бремен и тоа според новите правила за судење во ритмичка гимнастика. Новите правила се многу строги, а се менуваат по секоја Олимпијадата. На овој натпревар судиите судеа според новите правила. Но, тоа мене не ми претставуваше проблем, бидејќи цело време се подготвував според новите правила. Серијата започна со голем успех и затоа сум пресреќна, ни рече Илина и додаде:

    -Конкуренцијата во Бундеслигата е една од најсилните во Европа. Германската женска репрезентација се натпреварува во клубови во Германија, има многу успешни гимнастичарки од други држави, тука мислам на репрезентативките на Италија кои се натпреваруваат за Баерн Леверкузен. Во Лигата има многу гимнастичарки од  Унгарија, како и голем број од Русија и Украина, кои не можат да се натпреваруваат во своите земји поради војнаата. А се знае дека нивната гимнастика е на многу повисоко ниво од другите земји. Ама со упорно тренирање мене не ми беше проблем да ги освојам најмногу поени. Јас скоро 30 проценти од поените за мојот клуб ги донесов самата,  едноставно беше мој ден. Сепак ова ми е трет пат каде екипно се натпреварувам во финалето и го губиме, но се надевам догодина ако ни се придружи некоја добра гимнастичарка од елитата ќе бидеме и на победничките скали, рече Илина, која се натпреваруваше  со лента, обрач и топка, и како и вообично,  нејзината кореографија беше со македонска песна.

    Вака изгледаат резултатите кога во средена држава се тренира, за разлика од Македонија каде ритмичката гимнастика е на маргините.

    Илина и нејзината сестра Ева минатиот месец  по втор пат ја претставуваа Македонија на Балканско првенство, кое со право може да се каже и дека е Европско, бидејќи не учествуваат само земјите од Балкан, туку и од поширокиот регион.

    -Со сестра ми ја претставувавме  Македонија по втор пат на Балканското првенство. Наша најголема желба е да настапуваме под македонското знаме иако  нашата гимнастика не е на ниво на кое треба да биде. Црногорците не прифатија како што доликува, како вистински професионалци и навистина се  организирани по сите стандарди. А  ако ме прашаш за ритмичка гимнастика во Македонија, само ќе ти кажам- извини ама, за жал, , ја немаме ни буквата Г од гимнастика. Јас како репрезетативка на ФГСРМ слободно ќе кажам дека ние сме далеку, многу далеку во овој спорт и слободно можеме само да учиме од соседните држави. Се надевам дека за нашата гимнастика ќе дојдат подобри денови и дека навистина за овој спорт ќе се размислува по сите норми и стандарди, како што доликува на една држава, кажа Илина.

    Илина и и нејзината сестра Ева заедно со ФГСРМ ќе ја преставуват Македонија во Луксембург на Интернационален турнир по ритмичка гимнастика, кој ќе се одржи од 20- 23 овој месец, а  во март идната година заминуват за Франција каде на уште еден  Интернационале турнир каде исто така ќе ја преставуват Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.