Македонија е во група со Литванија, Полска и Естонија, така сакаше денешната ждрепка во Минхен со која беа одредени осумте натпреварувачки групи преку кои ќе се стигне до 24. најдобри, и кои ќе бидат учесници на наредниот Евробаскет во 2025 година. Селектортот на Македонија, Александар Јончевски по ждрепката рече:
„Реално не бевме многу оптоварени со ждрепката и кои репрезентации ќе ни бидат противници. Откако ги видовме групите, јасно ни беше дека ќе бидеме со три подоброрангирани репрезентации и дека шансите ќе ги бараме против следната подобро рангирана, во овој случај Естонија. Системот каде една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел е тотално непопуларен. Таква беше ситуацијата и во претходните квалификаци, па ни е добро позната. И верувам дека тоа овој пат ќе го искористиме во наша полза“.
Околу противниците, селекторот детално се изрази и ги анализираше нивните силни страни
„Естонија ни е должник од тогаш, а секако ќе ги измериме силите и на претстојниот турнир во Талин каде што ќе бидат домаќини. Литванија е секако главен фаворит, а и Полска која беше четвртта на последното Европско првенство, и згора на тоа имаат и одлична генерација. Единствено на кое се надеваме е да се појавиме во комплетен состав на сите ФИБА ‘прозори’ кои претстојат низ квалификациите, каде секој натпревар би бил одлучувачки“, рече Јончевски по дознавањето на имињата на ривалите во наредниот квалификациски циклус.