Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Јончевски: „Важно е да бидеме комплетни низ квалификациите“
    Кошарка

    Јончевски: „Важно е да бидеме комплетни низ квалификациите“

    risteBy riste08/08/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија е во група со Литванија, Полска и Естонија, така сакаше денешната ждрепка во Минхен со која беа одредени осумте натпреварувачки групи преку кои ќе се стигне до 24. најдобри, и кои ќе бидат учесници на наредниот Евробаскет во 2025 година. Селектортот на Македонија, Александар Јончевски по ждрепката рече: 

    „Реално не бевме многу оптоварени со ждрепката и кои репрезентации ќе ни бидат противници. Откако ги видовме групите, јасно ни беше дека ќе бидеме со три подоброрангирани репрезентации и дека шансите ќе ги бараме против следната подобро рангирана, во овој случај Естонија. Системот каде една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел е тотално непопуларен. Таква беше ситуацијата и во претходните квалификаци, па ни е добро позната. И верувам дека тоа овој пат ќе го искористиме во наша полза“.

    Околу противниците, селекторот детално се изрази и ги анализираше нивните силни страни

    „Естонија ни е должник од тогаш, а секако ќе ги измериме силите и на претстојниот турнир во Талин каде што ќе бидат домаќини. Литванија е секако главен фаворит, а и Полска која беше четвртта на последното Европско првенство, и згора на тоа имаат и одлична генерација. Единствено на кое се надеваме е да се појавиме во комплетен состав на сите ФИБА ‘прозори’ кои претстојат низ квалификациите, каде секој натпревар би бил одлучувачки“, рече Јончевски по дознавањето на имињата на ривалите во наредниот квалификациски циклус.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    МЗТ Скопје А. по шестипат го освои Суперкупот

    23/09/2023

    Реал (М) го освои шпанскиот Суперкуп

    18/09/2023

    Кошаркарите го „расипаа“ пласманот на ФИБА листата

    15/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре
    • Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен
    • Само што го купија Онана, Манчестер Ј. сега гледаат нов голман
    • Џон Тери ќе биде нов директор на Ал Шабаб
    • Галтие ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј?
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.