Норвешката ѕвезда, Александар Аамод Килде, кој имаше опреација на рамото, ќе ја пропушти новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање и воедно светското првенство во почетокот на наредната година во Зелбах.
„За жал, во јули развив инфекција на рамото што доведе до дополнителни компликации. Бев на антибиотици десет недели и сега ми треба уште една операција на рамото“ напиша Килде на социјалните мрежи.
Тој го освои Светскиот куп во 2020 година и има медали од Олимписките игри и светските првенства.