Кошаркарите на Кливленд го победија Шарлот со 128:114 и останаа единствената непоразена екипа сезонава во американската професионална кошаркарска лига (НБА). Кливленд беше предводен од Дариус Гарланд со 25 поени, 12 асистенции и пет скока, а Тај Џером постигна 24 поени, додека Еван Мобли имаше 23.
Кливленд е четвртиот тим кој започнува сезона со 15 победи, по Голден Стејт (2016), Хјустон (1994) и Вашингтон Капитолс (1949). Рекордери во лигата се Вориорс кои победија на 24 натпревари во 2016 година.
Лос Анџелес Клиперс ја победи Јута со 116:105, а натпреварот го одбележа играчот на Клиперс Џејмс Харден, кој го презеде второто место од Реј Ален во историјата на лигата по бројот на постигнати тројки. Харден сега има 2.975 тројки, две повеќе од Ален, а само Стивен Кари од Голден Стејт има 3.782.
Кошаркарите на Мемфис го победија Денвер со 105:90 и му го нанесоа вториот последователен пораз. Српскиот центар Никола Јокиќ го пропушти натпреварот поради лични причини.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Минесота – Феникс – 120:117
Индијана – Мајами – 119:110
Вашингтон – Детроит – 104:124
Кливленд – Шарлот – 128:114
Мемфис – Денвер – 105:90
Портланд – Атланта – 114:110
Чикаго – Хјустон – 107:143
Оклахома Сити – Далас – 119:121
Њујорк – Бруклин – 114:104
ЛА Клиперс – Јута – 116:105