Капитенот на фудбалскиот состав Арсенал, Лоран Косчиелни, по подолг период закрепна од повредата на тетивата и од денеска се вклучи во тренинг процес.
Тој се повреди потешко во месец мај и мораше да го пропушти Мундијалот во Русија кога неговата селекција, Франција, стана светски шампион. Според официјалната веб-страница на „топчиите“, Французинот, за првпат по повредата, бил присутен на целата тренинг-сесија на тимот.
Според наведеното, Косчилни ја нема потребната форма да се врати на теренот, но, тоа треба да се случи во догледна иднина.