Машката кошаркарска репрезентација на Македонија денеска попладне, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски стави 16 кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24 ноември, на гостински терен во Клаипеда.
На списокот од 16 кошаркари се најде и Ненад Димитријевиќ, но и Итан Хап.