По поразот на стартот на ЕП за самиот натпревар зборуваше Филип Кузмановски, а тој смета дека борбеноста во првиот дел била на вистинско ниво.
„Со нетрпение чекавме да играме тука во Дизелдорф пред толку публика. Навистина бевме мотивирани, игравме против Франција која за мене е фаворит за злато. Не е потребно да бараш мотивација против таков ривал. Можам да кажам дека сум задоволен како одигравме во првото полувреме, имавме активен резултат. Сепак, ова е Франција и ја казни секоја наша техничка грешка. Има многу работи да се учат од нив. Видов доста позитивни работи. Имаме доволно време да анализираме, четири дена за подготовка до следниот натпревар. Деталите не се многу важни во ваков натпревар, од грешките се учи. На добар пат сме, работиме напорно бидејќи дадовме сè од себе за Македонија. Сега мислите се насочени кон следниот меч“, изјави Кузмановски.
Следниот натревар Македонија ќе го игра в недела против домашната селекција на Германија и тоа во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток во 20.30 часот.