Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје го имаше првиот собир пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Избраниците на Кирил Лазаров во првите два квалификациски меча ќе ги одмерат силите со Естонија и Литванија.
Првиот меч се игра на 6-ти ноември во Скопје, додека вториот е за четири дена во Литванија.
Од првичниот список на селекторот на нашиот најдобар национален тим отпадна Томислав Јагуриноски поради повреда, на негово место е повикан Давид Савревски.