Селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров беше задоволен од играта и победата која ја остваривме во последниот натпревар на ова ЕП. Оваа победа многу значи за нашата селекција, а тоа го потенцираше Лазаров по натпреварот.
„Задоволен сум од денешниот натпревар. Не е лесно да се победи ривал како Швајцарија. Тие покажаа дека можат да играат со најдобрите во Европа. Имаат искусни играчи и ѕвезди, тоа го докажаа и против Франција. Вечерва имаа голема жалба да победат, пред се поради Шмид кој ја завршува кариерата и ќе биде нов предводник на селекцијата. Моите играчи беа навистина одлични, немавме толку технички грешки како во претходните натпревари. Оваа победа е многу важна за нас, завршивме третопласирани и ни носи релативно полесен ривал во баражот за следното Светско првенство.
Пред се, сакам да им честитам на момците за борбата во целите 60 минути. Првото чувство е дека одигравме квалитетен меч со желба за победата. Не е важна стратегијата и тактиката, важна беше желбата, иако и Швајцарците беа многу мотивирани. Задоволен сум од презентираното, не знам точна бројка, ама не дека ги преполовивме техничките грешки, ги сведовме на минимум од претходните два натпревари. Жал ми е што на првите два натрпевари, можеби од преголем респект, се донесовме до ситуација да имаме такви резултати. Задоволен сум и ѝ благодарам на јавноста затоа што гледам колку еуфорично ги доживуваме победите, а трагично поразите. Драго ми е за сите и за целата Македонија“, изјави Лазаров.