Македонија го загуби и вториот натпревар на ЕП во Унгарија и Словачка.Вториот натпревар против Црна Гора го загубивме со 24:-28 и така останавме без шанси за втората фаза на Европското првенство.
По поразот во Дебрецин во име на националниот тим селекторот Кирил Лазаров, истакна дека некои играчи одиграле далеку под ниво и не смее да си дозволат такви работи кога го носат дресот на Македонија.
„Сами забележавте дека не можеме да ги преброиме грешките кои ги направивме. Бев немоќен како и да реагирам затоа што работите се случуваа како на филм и играчите од типот кои играат во клубови и каде имаат коректни улоги, што играат ЛШ, Бундеслига… не смее да си дозволат такво нешто. Без разлика дали е добра стратегијата или не е, или си играч или не си, ние сме тука да ги подготвиме сите, меѓутоа тие се тие што одлучуваат на самиот терен. Дојде до еден психолошки блок во кој бевме немоќни. Видикот и перцепцијата на цел терен се намали и едноставно не знаевме што правиме посебно во второто полувреме. Очигледно е дека имавме голем притисок, откако не тргна работата добро се вративме, но потоа пак паднавме. Евидентно е дека треба да учиме уште многу и да работиме. Овие играчиимаат перспектива, сега треба да одиграме добро на последниот натпревар, да добиеме уште некој играч и да уживаме во натпреварот со Данска“, изјави Лазаров.
Последниот дуел нашата репрезентација ќе го игра во понеделник против главниот фаворит во нашата група, селекцијата на Данска, а натпреварот ќе се игра на 17 јануари (понеделник) од 20:30 часот.