Фудбалерот, Роберт Левандовски, е презадоволен како се одвиваат настаните во екипата на Барселона и сака да потпише нов договор кој ќе биде валиден до 2027 година, наведуваат денеска шпанските медиуми.
36-годишниот ветеран има одличен старт на сезоната и досега постигна 19 голови на 17 натпревари во сите конкуренции.
Полјакот кој беше купен од Баерн Минхен во 2022 година, досега има 78 гола и 19 асистенции.