Денеска се отвора третото коло во најсилната фудбалска конкуренција на стариот континент – Лигата на шампионите. Во групата „Е“ холандскиот Ајакс ќе го пречека составот на Бенфика. Мечот на „Јохан Кројф Арена” ќе биде добра можност за домаќините да прокнижат нови три бода и да ги зголемат шансите за пласман во фазата на елиминации. Португалците најавуваат дека нема да излезат со бело знаме. Во вториот меч, германскиот Баерн Минхен ќе гостува кај АЕК во Атина. Гостите се фавортии на хартија, но, тоа ќе треба да го докажат на тешкиот терен во Грција.
Во групата „Ф“ екипата на Шахтхор Донецк ќе му биде домаќин на Манчестер Сити кој не смее да си дозволи нова грешка бидејќи има еден пораз, Украинците по двете нерешени средби се надеваат на првата победа. Во вториот меч, германскиот Хофенхајм ќе се сретне со Лион (Франција). Фудбалерите на Рома и на Реал Мадрид вечер треба да имаат лесна задача во групата „Г“. Италијанците ќе го пречекаат тимот на ЦСКА Москва додека „кралевите“ ќе и бидат домаќини на Викторија Плзен.
Во групата „Х“ мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Јуве ќе биде посебен за Кристијано Роналдо. Португалецот ќе се врати на теренот на кој има поминато цели 6 сезони. Во сенка на тој меч, ќе биде пресметката во Швајцарија меѓу Јанг Бојс и шпанската Валенсија.