Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија големо признание на Европското првенство.
Тие в недела од 16:30 часот ќе го судат големото финале. Одлуката на ЕХФ само потврдува дека Начевски и Николов се едни од најдобрите светски судии и дека се подготвени за големиот предизвик. Тие досега имаа неколку натпревари на Континенталниот собир на кои добија високи оценки.
На Ѓорѓи Начевски и Славе Николов финалето закажано за в недела ќе им биде прво на сениорските натпреварување. Тие досега имаат судено финале на Светско првенство за младинци.