Нашите најдобри кошаркари претрпеа нов пораз во квалификациите за Европското првенство. Тие денеска загубија од Литванија во СРЦ Кале со 82-67.
Гостите демонстрираа врвен квалитет и беа супериорни од првата до последната минута. Во нашиот табот Николов застана на 18 кошеви, Војдан Стојановски постигна 13 а Крстевски 10. Кај противникот се издвои Еходас со 18 поени.
Двете селекции в недела на теренот на Литванците ќе имаат нова пресметка во рамките на групата – „Х“.