Македонската ракометната репрезентација го забележа првиот пораз во квалификациите за следното Европско првенство. По победата на домашен терен против Естонија (37:33), нашата најдобра ракометна селекција во драматичен натпревар беше надиграна и поразена од Литванија со резултат 29:27.
Селекторот Кирил Лазаров направи една измена во составот во однос на претходниот натпревар против Естонија. На местото на Мартин Томовски во составот се најде младиот Иван Галевски. Сепак Марко Кизиќ доби предноста меѓу стативите. Домашните ракометари добро го започнаа натпреварот , дојдоа до предност од 4:2, а потоа имаа преност и од 9:5 во првиот дел. Македонија успеа да се врати во натпреварот и во финишот на првиот дел намали на 13:12, резултат со кој се отиде на одмор.
Во второто полувреме се играше гол за гол и двете селекции се менуваа во водство, за финишот д аи припадне на Литванија која направи предност која беше недостижна за Македонија, за крај натпеварот да заврши со 29:27 за Литванија.
Најпрецизен во нашиот тим беше Филип Кузмановски кој постигна осум гола.
За нашата најдобра селекција ова беше последен официјален натпревар пред настапот на Светското првенство во кое во групната фаза во Вараждин ќе играме со Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Во европските квалификации, пак, следниот натпревар е закажан за на 12 март на свој терен против Словенија.
ФОТО: Реакометна федерација на Литванија