Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Шундовски: Честитки за мојот тим, се надевам нема да застанеме овде со победите
    Ракомет

    Шундовски: Честитки за мојот тим, се надевам нема да застанеме овде со победите

    risteBy riste01/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер по пауза од две децении ја запиша првата победа во ракометната Лига на шампионите, а премиерна во овој формат. На гостувањето во Одензе, Еурофарм Пелистер со одлична игра во  второто полувреме го совлада домашниот состав на Фредериција и се искачи на шестата позиција на табелата во групата А.

    По средбата своите импресии од натпреварот ги искажа привременото решение на тренерската позиција, Звонко Шундовски.

    „Сакам да му честитам на мојот тим за победата. Одигравме одлично, славевме над квалитетна екипа.  Ова не беше натпревар без грешки, особено ги имавме во првото полувреме, но во тој период трипати се вративме од негатива од три гола. Во вториот дел одигравме како тим, и затоа уште еднаш сакам да им честитам на момците. Верувам дека овде нема да застанеме. Работевме напорно за да стигнеме до овој резултат“, рече Шундовски по натпреварот. 

    За три недели, по ЕХФ неделата, овие две екипи повторно ќе се сретнат, но овој пат во Битола. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.