Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за Големата награда (ГН) на Мексико на патеката „Браќата Родригез“, што е негова шеснаесетта победа оваа сезона, што е апсолутен рекорд во Ф1 шампионатот.
По победата во Остин, Макс Верстапен стигна до 50-тата победа во кариерата, а сега ја забележа 51-та победа, по што се израмни со легендарниот Алан Прост. Верстапен дојде до победата и покрај тоа што не стартуваше од првата позиција, така беше и во САД, а еве и во Мексико стартуваше од третото место, но сепак возеше доминантно и победи. На второто место на крајот на трката заврши Луис Хамилтон од Мерцедес, додека последното место на подиумот го пополни Шарл Леклер од Ферари кој ја имаше пол позицијата на стартот. Бодови уште освоија: Саинц, Норис, Расел, Рикардо, Пјастри, Албон и Окон.
Следната трка е закажана во Бразил, а ќе се вози на 5.ноември.