Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Макс Верстапен победи во Мексико и го израмни рекордот на легендарниот Алан Прост
    Меѓународен микс

    Макс Верстапен победи во Мексико и го израмни рекордот на легендарниот Алан Прост

    risteBy riste30/10/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за Големата награда (ГН) на Мексико на патеката „Браќата Родригез“, што е негова шеснаесетта победа оваа сезона, што е апсолутен рекорд во Ф1 шампионатот.

    По победата во Остин, Макс Верстапен стигна до 50-тата победа во кариерата, а сега ја забележа 51-та победа, по што се израмни со легендарниот Алан Прост. Верстапен дојде до победата и покрај тоа што не стартуваше од првата позиција, така беше и во САД, а еве и во Мексико стартуваше од третото место, но сепак возеше доминантно и победи. На второто место на крајот на трката заврши Луис Хамилтон од Мерцедес, додека последното место на подиумот го пополни Шарл Леклер од Ферари кој ја имаше пол позицијата на стартот. Бодови уште освоија: Саинц, Норис, Расел, Рикардо, Пјастри, Албон и Окон.

    Следната трка е закажана во Бразил, а ќе се вози на 5.ноември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.