Манчестер Јунајтед ќе му предложи нов договор на Фил Џонс. 26-годишниот дефанзивец има договор со „Црвените“ до летото, но раководството на клубот е подготвено да го продолжи уште 12 месеци.
Откако Оле Гунар Солскјер го презеде Манчестер Јунајтед, централниот дефанзивец започна во 7 од 10 натпревари како стартер. Во последниве години, кариерата на Џонс е променлива поради многу повреди, но неодамна ја поврати својата претходна форма.
Претходно, Џонс, кој имаше 27 натпревари во Англија, а притоа изјави:
„Се чувствувам добро тука и сакам да останам долго време. Веднаш од мојата прва минута во клубот бев многу добро прифатен. Сега овој клуб е дел од мојот живот. Го сакам, ги сакам навивачите, моите соиграчи. Ќе видиме што ќе се случи” изјави дефанзивниот фудбалер.