Голманот на РК Металург, Мартин Томовски, од следната сезона ќе се пресели во Германија и ќе ја зголеми колонијата на македонски ракометари што ќе играат во оваа земја.
Тој потпишa двегодишен договор со екипата на Лудвигсхафен, која сезонава беше дел од Бундес лигата, но не обезбеди опстанок и следната година ќе игра во втората лига. Мартин Томовски е млад голман кој кариерата ја започна во Тинекс Пролет, но беше забележан од Лино Червар како голем потенцијал и се пресели во екипата на Металург.
Отккао имаше одлични натпревари за Металург во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, беше за очекување дека некој друг клуб ќе го ангажира за следната сезона. Томовски ќе г направи првиот интернационален чекор и тоа не било каде , туку во Германија.