Крилото на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, излезе со пофални зборови за неговиот соиграч, Ентони Марсијал. Францускиот фудбалер игра во одлична форма и полека се наметнува во преден план во тимот на Жозе Мурињо.
„Марсијал е одличен играч кој треба да верува во неговите квалитети. Тој е млад и треба да продолжи да се развива. Понекогаш мислам дека нема поим колку е всушност добар. Ако се подобриме како тим и го постигнеме посакуваното, тој ќе може да го покаже најдоброто што го има“ – вели Матиќ.
Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува во наредното лето, но, луѓето од „Олд Трафорд“ имаат опција да му го продолжат за уште една година.