Аргентинската фудбалска мега-ѕвезда Лионел Меси дојде на само два гола до соборување на клупскиот рекорд на Интер Мајами по бројот на постигнати голови. Меси дојде до бројката од 27 постигнати голови за Интер Мајами, откако постигна еден гол на последниот натпревар против Филаделфија Унион во кој неговата екипа славеше со 3-1.
Со ова, на Аргентинецот му недостасуваат само уште два гола да го израмни рекордот на Гонзало Игуаин од 29 гола.
Меси за Интер Мајами игра од 2023 година.