Милан ќе биде без дефанзивниот играч Матија Калдара во следните два месеци. Тој има истегнување на тетива на коленото и останува надвор од комбинација за настап за неговата екипа.
„Ќе бидеме без Калдара во следните два месеца, тој има проблеми со лигаментите на коленото, очигледно оваа сезона е проколната за него”, рече тренерот Џенаро Гатузо.
Ова е нова повреда за Калдара, кој беше излечен од друга повреда и сеуште нема одиграно натпревар во серија А од почетокот на сезоната. Тој играше само на натпреварот со Дуделанж (1:0) во Лигата на Европа.