Никола Митревски пристигна во Дебрецин, влезе во игра во финишот на првото полувреме и успеа до крајот на натпреварот да одбрани 10 удари кон нашиот гол. Сепак неговите одбрани не беа доволни за позитивен резултат на нашата репрезентација на мечот со Црна Гора.
По средбата, голманот на Македонија на прес-конферецијата му честиташе на противникот и ги потенцира причините за неуспехот.
„Честитки за победата на Црна Гора, беа подобри, помотивирани и поагресивни. Тие две-три нешта влијаеја на терен и според мене тоа е причината за овој резултат“, краток изјави Никола Митревски на прес-конференцијата.
Македонија откако остана без шанси за втора фаза, во последниот дуел против Данска закажан на 17 јануари ќе игра за престиж и искуство.